Уметничка Академија

Во Виртуал-М е уметничките курсеви се одвиваат со практична настава по програм компатибилен со европски стандарди.

Зошто избор на уметнички курсеви?

Затоа што се работи по најсовремени и квалитетни програми, поединечна посветеност на секој кандидат, иновативност и креативност во работата, разработка и усовршување на техники, борбеност, креирање на настан, професионални предавачи.

Располагаме со следниве уметнички курсеви:
Музички образовен центар Музичка едукација (4-7 години) Театарска работилница Ликовна работилница Разработка на вештини

Во музичкиот образовен центар нудиме можност за изучување на:

современо, џез и изворно пеење,

студиско пеење,

развивање на индивидуален стил,

како и изработка на песни...


Исто така нудиме и можност за изучување на повеќе стилови и музички инструменти како што се:

пијано,

гитара,

тапани,

дувачки инструменти.


Покрај курсевите на кандидатите им нудиме и најразлични дополнителни можности како што се:

работа на сценски настап.

изработка на песни,

снимање во музичко студио,

развивање на индивидуален стил,

развој на музичка кариера како и натпревари.


10 ПРИЧИНИ ЗОШТО МУЗИКАТА Е ПОТРЕБНА ОД НАЈМЛАДА ВОЗРАСТ


Интелигенција,

Меморија,

Јазик,

Воспитување,

Емоција,

Креативност,

Внимание,

Развој,

Интелигенција,

Поврзување, перцепција...


Виртуал-М располага со високо опремени простории.


Покрај наставата во групи ви нудиме можност и за индивидуални часови.

ЗОШТО ТОКМУ НИЕ!?


Безброј реализирани меѓународни натпревари со освоени први места и гран-при.


Затоа што се работи по најсовремени и квалитетни програми, поединечна посветеност на секој клиент, иновативност и креативност во работата, разработка и усовршување на техники, борбеност, креирање на настан, професионални предавачи.

ЛИЦЕНЦИРАНА ПРОГРАМА!


Образовниот центар Виртуал-М е место каде децата од 4 до 7 години имаат музичка едукација низ игра.

Во нашиот центар децата имаат прилика да ги развиваат своите музички,моторички, интелектуални, психо-физички и социјални способности со помош на едуциран и лиценциран кадар.


Музичката стимулација е најважна стимулација кај децата во првите години од животот и треба да се користи правилно и активно.

Истата овозможува брз развој на говор, трпение, прецизност, намалување на агресија, временска и просторна ориентација, креативност и слобода на изразување.


Образовниот центар е наменет за деца од предшколска возраст од 4 до 7 години.

Кај овие деца полесно стимулацијата преоѓа во едукација, каде што музиката се користи како алатка за учење, а стекнување на вештини кои наизглед немаат поврзаност со музиката.


Нашите професори се лиценцирани и едуцирани од европски програми за работа и музички развој на децата и постојано се надоградуваат во областа на музичката педагогија.


Користиме специјализирани програми и материјали кои се наменети за работа и учење и користиме литература која што е наменета и специјализирана за оваа возраст на деца.

🎭Театарска магија! 🌟


Со огромно задоволство ви ја најавуваме продолжение на нашата Театарска работилница, дел од интересната и креативна програма за таленти на Виртуал-М.


Што нуди нашата Театарска работилница?


Нашата работилница е дизајнирана да ги инспирира уметниците и да им овозможи да го истражат и развијат својот актерски талент.


Еве што можете да очекувате:


Основи на актерството: Учесниците ќе учат за основните техники на актерството, вклучувајќи изразување емоции, гласовна модулација, и движење на сцената.


Драматургија: Ќе се запознаат со основите на пишување и анализа на драмски текстови, што ќе им помогне подобро да ги разберат улогите и сценаријата.


Импровизација: Преку забавни и интерактивни вежби, учениците ќе ги развиваат своите импровизациски вештини, што ќе им помогне да бидат пофлексибилни и спонтани на сцената.


Работа во тим: Учесниците ќе учат како да работат заедно во група, да комуницираат и да се поддржуваат еден со друг, што е клучно за успешни театарски претстави.


Сценски настап: Практични вежби и работа на сцена ќе им помогнат на учениците да се чувствуваат комфорно и самоуверено додека настапуваат пред публика.


Креативност и самоизразување: Работилницата ќе овозможи развој на својата креативност и изразување на својот уникатен талент преку театарот.


Зошто да ја изберете нашата Театарска работилница?


Индивидуален пристап: Секој ќе добие индивидуално внимание и поддршка, со цел максимално да го развие својот потенцијал.


Искуство и експертиза: Нашиот тим се состои од искусни професионалци врвни артисти со светски достигнување на теарарска сцена и во филмска индустрија, кои се посветени максимално на својата работата.


Забава и учење: Програмата е дизајнирана да биде забавна и интересна, додека истовремено нуди вредни образовни искуства.


Ова е совршена можност за сите талентирани луѓе кои сакаат да ја откријат и развијат својата страст кон театарот.


Придружете ни се и станете дел од нашата театарска приказна!

Започнете го вашето патување кон рефлекторите на сцената со Виртуал-М!

ЛИКОВНА КРЕАТИВНА РАБОТИЛНИЦА - ЕДНА ПОИНАКВА ЕДУКАЦИЈА


Ликовната работилница овозможува будење на желба и откривање на индивидуална склоност кон ликовниот израз.

Целта на работилницата е воведување на кандидатите во светот на уметноста, запознавање со сите ликовни техники и да се разбуди индивидуално создавање и ликовно изразување.


Програмата опфаќа:

  • Цртање
  • Сликање на платно
  • Дизајнирање и сликање
  • Рециклирање
  • Изработка на украси од природни матерјали
  • Моделирање и пластично обликување
  • Изработка на колаж
  • Креација
  • Инспирација
  • Уметност

Ликовна креативна работилница - за деца, тинејџери и возрасни!

Истражете ја уметноста, развивајте ги техниките и изразете ја својата креативност!


Различни техники: акварел, акрил, масло, колаж, дизајнирање на слики, цртање, рециклирање, изработка на украси од природни материјали, моделирање и пластично обликување, изработка на колаж.

Креативно изражување: индивидуални проекти и задачи.

Часови се организирани со стручни наставници и ментори познати ликовни уметници организирани во различни групи во зависност од степен и возраст.

Превземете ги чекорите кон уметноста и формирајте го својот креативен свет.


На крајот од едукацијата изложба на сопствени дела.

Разработка на вештини е нов курс кој е наменет за најмладите. Тој е создаден за деца од 4 до 16 години. Групите се поделени по возраст.

Овој курс предвидува работа со тим од стручни лица од повеќе области.

Целта на овој курс е децата да се стекнат со вештини со кои би им се олесниле секојдневните обврски и нивно поттикнување да работат самостојно.

Во склоп на овој курс нудиме и подготвителна настава за сите училишни предмети од 1во до 9то одделение, како и за средношколска настава.