Постоиме веќе 27 години со служба на нашите клиенти. За овие години успеавме да Ви понудиме голем избор на најразлични програми, во зависност од Вашите потреби и барања, а се со цел да стекнете знаења и вештини за да бидете секогаш чекор пред другите.
Развивме едукативен систем, систем за компјутерско, јазично, економско, маркетинг, дигитално, претприемничко, уметничко образование како и неформалното образование кое теоретското го имплементира во практично, со постојан развој, координирање, делегирање на системите за сертифицирање на знаење во чекор со меѓународните системи и сертифицирања.
Се надеваме дека успеавме.
Визија
Нашата визија е да бидеме водечка институција за дигитална едукација, која овозможува иновативно и практично учење што ги трансформира животите на нашите клиенти и ја поттикнува нивната креативност и професионален развој.
Се стремиме да создадеме глобална заедница на дигитално писмени професионалци кои ќе ги обликуваат идните технологии и индустрии.
Мисијата на Образовна Академија Виртуал-М е да обезбедиме висококвалитетно, инклузивно и достапно образование за деца, тинејџери и возрасни, преку кое ќе им овозможиме да ги развијат своите дигитални вештини и компетенции.
Обезбедување на најнови и најрелевантни образовни програми и курсеви. Поттикнување на практично учење преку реални проекти и сценарија.
Поддршка на професионалниот и личниот развој на нашите ученици, клиенти.
Создавање на инклузивна и поддржувачка образовна заедница.
Цели:Квалитет на образование: Континуирано да го подобруваме квалитетот на нашите програми и курсеви, обезбедувајќи најнови знаења и практики од индустријата.
Поддршка за ученици, клиентите: Да обезбедиме сеопфатна поддршка и менторство за нашите клиенти, помагајќи им да ги постигнат своите образовни и професионални цели.
Инклузивност и достапност: Да создадеме инклузивна и достапна образовна средина, која ги охрабрува учениците од различни позадини и искуства да учат и да напредуваат.
Партнерства и соработки: Да воспоставуваме и одржуваме силни партнерства со индустрии и други образовни институции, за да обезбедиме релевантни и применливи знаења и вештини.
Иновација и напредок: Да поттикнуваме иновации во образованието преку употреба на најсовремени технологии и методологии за учење.
Нашиот развој се темели на достигнување на целта и поставување на нова. Започнавме со ИТ курсеви, следеа:
Невозможното секогаш станува возможно, имагинарното станува реално.
Професионални предавачи докажани во своето професионално делување.
Курсевите се поделени во неколку дела, со што се опфатени неколку целни групи: