Повеќе за нас

Образовна академија | Виртуал-М

Постоиме веќе 23 години со служба на нашите клиенти. За овие години успеавме да Ви понудиме голем избор на најразлични програми, во зависност од Вашите потреби и барања, а се со цел да стекнете знаења и вештини за да бидете секогаш чекор пред другите.

Развивме едукативен систем, систем за компјутерско, јазично, економско, маркетинг, дигитално, претприемничко, уметничко образование како и неформалното образование кое теоретското го имплементира во практично, со постојан развој, координирање, делегирање на системите за сертифицирање на знаење во чекор со меѓународните системи и сертифицирања.

Се надеваме дека успеавме.

Визија

  • Работа по најсовремени и квалитетни програми
  • Иновативност во наставни содржини
  • Во чекор со потребите на глобалниот пазар
  • Единствен едукативен систем
  • Секогаш на врвот
  • Во служба на своите клиенти
  • Ефикасност во наставниот процес

Мисија

  • Следење на современите образовни текови
  • Современи методи за работа
  • Партнерство со меѓународни компании и тренинг центри
  • Сертифицирање во чекор со новите трендови и потребите на глобалниот пазар на труд
  • Развој и имплементација во нови услуги и системи во зависност од потрошувачките потреби

Нашиот развој се темели на достигнување на целта и поставување на нова. Започнавме со ИТ курсеви, следеа:

  • Странски јазици
  • Специјализирани курсеви
  • Акредитирано Образование
  • Уметнички курсеви

Невозможното секогаш станува возможно, имагинарното станува реално.

Професионални предавачи докажани во своето професионално делување.

Курсевите се поделени во неколку дела, со што се опфатени неколку целни групи:

  • Курсеви за деца
  • Курсеви за возрасни
  • Курсеви за професионалци во ИТ сектор
  • Курсеви за бизнис сектор
  • Курсеви за претриемништво и менаџмент
  • Курсеви за подобрување на Вашето деловно работење